Македонија
Сообраќајот се одвива без пречки, укинати се забраните за камионски сообраќај на Стража и на патот Маврово–Дебар, како и забраната за автобуси на релација Тетово–Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.
Како што информира ЈП „Македонија пат“, сите патни правци во државата се проодни. Од 07.50 часот поради врнежи од снег се укинува забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, од 07.55 часот се укинува забраната за камиони на патниот правец крак Маврово – Дебар и од 09.00 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се укинува забраната за сообраќај за автобуси, додека за останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.



