Свет

Словенија укина некој од “рестриктивните” мерки

Словенија донесе повеќе одлуки за олабавување на рестриктивните ковид-мерки. Ова е резултат на неколкудневните протести.

Имено, власта ја промени одлуката во однос на задолжителен ковид-сертификат за вакцинација за луѓето кои работат од дома и за оние кои полнат гориво на бензиска пумпа.

Синоќа беше донесен декрет во кој е содржата одлука, со која оваа мерка веќе не важи.

Надлежните органи ги олабавија и рестрикциите кои се однесуваат на спортот. Односно, луѓето не мора да носат маски ако приложат ковид-сертификат на спортските натпревари, без разлика дали се одржуваат на отворено или затворено.

Ова е прв незначаен чекор, а протестите продилжуваат до целосно укинување на дискриминаторските мерки, велат протестантите во Словенија

Тагови

Поврзани вести