Вести

Сиљановска-Давкова ќе му го додели мандатот на Мицкоски за состав на новата влада

Во текот на денот, се очекува претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова да му го врачи мандатот за формирање на влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. При врачување на мандатот обраќање ќе има претседателката, а потоа ќе се повлечат на средба. По средбата, новиот мандатар ќе даде изјава за медиумите

На изборите на 8 мај, Мицкоски обезбеди парламентарно мнозинство. Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација на ресорите и ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието достави предлог законски измени кои веќе се ставени на собраниска седница закажана за утре.

Рокот од 20 дена за формирање влада истекува на 25 јуни. За Владата да биде изгласана потребно е апсолутно мнозинство од најмалку 61 пратеник од вкупно 120-члениот парламент.

 

Тагови

Поврзани вести