Свет
Се планира враќање на Месечината во 2023 година
Следната година ќе бидат одбележани 50 години откако луѓето за првпат слетаа на Месечината, а по тој повод NASA ги откри плановите за враќање на единствениот природен сателит на Земјата.

Како што најавија од Американската вселенска агенција, враќањето на Месечината е планирано за 2023 година. Засега нема најавен датум, но од NASA рекоа дека нема потреба да се брза со процесот и предвремено да се објавуваат детали за мисијата.
„Иако Американците првпат зачекорија на Месечината пред 50 години, нашите истражувачи оставија отисоци на само шест места. Следното истражување на Месечината ќе биде сосем различно“, изјави претставникот на NASA.
NASA се надева дека дел од оваа мисија ќе биде и поставувањето на на лунарна станица наречена Gateway, која според првичните планови би требало да почне со работа до 2020 година. Gateway се користи за тестирање на нови технологии.
Освен плановите за ново истражување на Месечината, NASA ги откри и плановите за истражување на Марс кои се планирани за јули 2020 година. Мисијата на Марс вклучува истражување на знаците за живот на „црвената планета“.