Од таму додаваат дека кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност претежно во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец кој краткотрајно ќе е поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 24 до 31 Целзиусов степен. Во Скопје претежно сончево и малку потопло со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 30 степени. За време на викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде в сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град.