Уште еднаш да напоменам дека во првата половина од овој месец ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот (продолжено лето), но сепак како што кажав, ноќите и утрата ќе бидат значително посвежи. Почести и пообилни врнежи, како и пониски температури кај нас би требало да започнат околу или после 15-ти септември.