ВестиЕКО производи

Седумдесет отсто од домовите во Австралија користат обновлива енергија

Вкупно 96 отсто Австралијци кои учестувале во истражувањето изјавиле дека сакаат да користат обновлива енергија во нивните домови. Оваа земја е една од најголемите потрошувачи на кровни соларни панели

Седумдесет отсто од домовите во Австралија користат обновлива енергија. Планирано е во следните години овој процент да се искачи на 90, откако ќе бидат завршени проектите за соларна енергија и енергија од ветер.

Станува збор за девет милиони домаќинства. Австралија користела обновлива енергија еднаква на годишната потрошувачка на гориво на половина од нејзините автомобили.

Вкупно 96 отсто Австралијци кои учестувале во истражувањето изјавиле дека сакаат да користат обновлива енергија во нивните домови. Оваа земја е една од најголемите потрошувачи на кровни соларни панели.

Вкупно 150 илјади домаќинства и бизниси кои минатата година инсталирале соларни панели, во идната декада секој од нив ќе заштеди по 10 илјади долари. Лани биле инвестирани 7,5 милјарди долари во чиста енергија. До крајот на 2019 година обновливите извори на енергија ќе обезбедуваат 20 отсто од вкупната побарувачка за енергија. Обновливата енергија ги прави Австралијците поздрави и побогати.

Тагови

Поврзани вести