Настани
Редок небесен феномен кој ќе трае само 15 секунди
Астероидот Леон на Сончевиот систем на почетокот на следната недела накратко ќе го затемни црвениот џин во соѕвездието Орион, настан видлив за милиони ширум светот со голо око.
Небесен настан со ретки размери се подготвува на почетокот на следната недела, кој вклучува привремено затемнување на многу светлата ѕвезда Бетелгез од астероидот Леон. Феноменот, кој се очекува да трае не повеќе од 15 секунди, ќе се случи доцна во понеделник и рано во вторник, а ќе биде видлив во тесен опсег од централна Азија до делови од Мексико.
Ѕвездата Бетелгез, црвениот суперџин во соѕвездието Орион, ќе биде затемнета од бавно ротирачки астероид во главниот астероиден појас помеѓу Марс и Јупитер во Сончевиот систем. Астрономите имаат за цел да добијат увид на двете небесни тела за време на реткиот настан, надоврзувајќи се на неодамнешните проценки дека Леон е широка околу 54 километри и долга 80 километри.
Несигурностите ги опкружуваат предвидувањата за затемнување на споменатата ѕвезда, вклучително и дали тоа ќе биде целосно затемнување или „огнен прстен“ со мал, блескав раб.
Неизвесно е кое сценарио ќе го видиме, што го прави настанот уште поинтригантен, истакнува астрономот Џанлука Маса, основач на проектот за виртуелен телескоп, кој претставува платформа на вистински, многу моќни роботски телескопи, кои на светот му носат неверојатно искуство од ноќното небо во реално време.
Лоциран на 700 светлосни години од нас, Бетелгез, видлив со голо око, го надминува нашето Сонце по светлина и големина. Кога би го заменило нашето Сонце, рабовите на ѕвездата би се прошириле надвор од орбитата на Јупитер. Со 10 милиони години, Бетелгез е помлад од Сонцето и се очекува да биде краткотраен поради неговата огромна големина и брзата потрошувачка на материјал.
Бетелгез доживеа значително затемнување во 2019 година, кога површинскиот материјал исфрлен во вселената формираше облак од прашина, привремено блокирајќи ја неговата светлина. Ѕвездата се врати во својата поранешна слава за шест месеци. Сепак, научниците предвидуваат експлозија на супернова за Бетелгез во рок од 100.000 години.