Куќата Cornwall Gardens е дело на студиото Chang Architects со седиште во Сингапур, кое доби бројни архитектонски награди за овој проект. Семејната куќа е дизајнирана така што може да прифаќа идни членови ако децата ги прошират своите семејства и сакаат да останат во рајската куќа. Шест спални соби, теретана, библиотека, како и заеднички дневни соби кои вклучуваат неколку трпезарии, се распоредени околу централниот двор со базен, водопад и езерото кое е на ниво на подрумот. Бујното зеленило може да се види насекаде во куќата – и во внатрешноста и на терасата на покривот, меѓу спратовите, околу водните површини. “Семејството и природата го делат истиот простор. Растенијата, водата и просторот за живеење се спојуваат во една целина“, објаснуваат архитектите. Изградена на закосен терен, куќата е адаптација на постојната зграда лоцирана на копно. Новата куќа ја има зафатено скоро целата парцела, а нејзиниот дизајн предвидува сите простории да бидат отворени кон внатрешниот двор. Таквиот план има обезбедено многу природна светлина, природна вентилација и пасивно ладење и создаде еколошка средина што промовира здрав живот за сите.