Живот

Расцуте цвет од 32.000 години старо семе

Геном од билката silence stenophylla стар 32.000 години преживеал во подлога од 38 метри сибирски пермафрост и процветал во епрувета во Виена пренесуваат агенциите. Овој цвет кој припаѓа на семејството на каранфили последен пат процветал кога по светот се шетале рунести мамути, соопштуваат од Еурокома.

На членката на руската академија Светлана Јашина и нејзиниот тим им успеало во 2012 година со помош на нивниот револуционерен труд на полето на кробиологијта, клеточна биологија и ботаника, да ја оживеат билката од семе од непознати видови стари 32.000 години.

Благодарение на добрите контакти со руските колеги, професорката Маргит Лаимер, добила клонирани клетки од билките за виенскиот Универзитет за природни ресурси и применети науки, и како експонат за музејот „Мумок“.

Како што се наведува во соопштението, цветањето на оваа билка ќе придонесе за многу заклучоци за еволуцијата.

Врз основа на генетски анализи можно е да се истражи како билниот геном се развил и прилагодил на тогашните климатски услови.

„Споредувајќи ја билката со нејзините денешни роднии, во кои меѓу другите се вбројуваат каранфилот и каранфилчето, истражувачите ќе дознаат како течел развојот на овој билен вид и што се се променило во последните 32.000 години, соопштуваат од Еурокома.

Тагови

Поврзани вести