Забава

Растенијата не се само декор

Растенијата не се само декор: Како според Фенг шуи да си помогнете

Цвеќињата и растенијата во вашиот дом не се само декор. Според фенг шуи, тие ја апсорбираат негативната енергија донесена со вас од надворешната околина, и создаваат атмосфера на мир и ред.

Растенијата според фенг шуи се моќни извори на Чи – животна сила која наполнува се живо со енергија. Здрав и силен човек има убаво Чи, а слабиот или болниот – лошо.

За да ја стимулирате, можете со успех да ги користите растенијата и законите на фенг шуи. При создавањето на цветните композиции користете растенија кои бараат исти услови на одгледување. Не е убаво да комбинирате брзорастечки растенија со бавни, бидејќи првите ќе го нарушат растот на вторите.

При изборот на растенијата, треба да ги земате во предвид и формата на нивните лисја. Острите лисстови содржат многу Јан – персонификација на машката почеток и тера енергијата Чи за да се движи брзо. Кружните листови ги одразуваат квалитетите на Јин – женскиот почеток. Затоа каде стои таков цвет, Чи тече бавно.

Палетата на бои исто така силно влијае за стимулирање на енергијата Чи. Црвените бои во јужниот дел на собата ќе ја подобрат емоционалната позадина и ќе придонесуваат за вашиот јавен живот. Засадете цвеќиња со сини бои во северниот агол и дотурете бели. За да ги реализирате плановите може да си помогнете со нијанси на зелена, поставени на исток, така оваа боја се поврзува со растот и развојот.

Романтичните односи се зацврстуваат со белите бои на цвеќињата, ставени во западниот дел на собата. Ставете три здрави, нови растенија во вашата кујна, тие ќе поднесат свежо Чи, што ќе доведе до подобрување на вашето здравје, како и до зголемување на вашето богатство. Ставете свежо набрани цвеќиња во спалната, тие ќе внесат свежа енергија во вашата врска со партнерот. Цветовите даваат и среќа во вашиот живот.

Менувајте ги цвеќињата веднаш штом почнат да венеат. За да им помогнете на децата да бидат здрави, или за да ги повратите од некаква болест, силно ви препорачуваме употреба на зелени растенија. Ставете непарен број (3,5 и 9 се добар број) зелени растенија во детската спална со намера децата да се излечат  и да бидат здрави. Кога имате впечаток дека не можете да се фокусирате и ментално сте изморени, Подобрете ја циркулацијата на Чи, со вметнување големо растение во саксија во близина на вратата на кабинетот каде што работите.

Избегнувајте да ставате кактуси и други “боцки” на југозападната страна, бидејќи тоа е зоната на човечките односи. Композициите од суви растенија практично даваат рамнотежата на енергиите во вашиот дом. Главното не го заборавајте, а тоа е да го симнувате правот од нив, кој се собира околу. Се смета дека така до нив не стигнува доволно енергија. Вештачко цвеќе според кинеската традиција, нема никаков позитивен ефект. Затоа од нив прават венци на гробовите.

Тагови

Поврзани вести