Македонија
ПУКНА ДОВОДЕН ЦЕВКОВОД НА ХЕЦ ВРБЕН – утрово вода се излива насекаде
Вистински хаос се случува утрово во Маврово Ростуше. Имено според информациите до кои дојде КУРИР утрово пукнал доводен цевковод на ХЕЦ Врбен во општината Маврово Ростуше, а истиот е во надлежност на ЕСМ (ЕЛЕМ).
Инаку Хидроелектричната централа Врбен е сместена во близина на селото Врбен и е дел од ХС Маврово, заедно со ХЕЦ Вруток и ХЕЦ Равен.
ХЕЦ Врбен е најоддалечена од трите хидроелектрани на системот и истата претставува проточна хидроелектрана.
Таа има два струјотвори и вкупна инсталирана моќност од 12,8 мегавати. Инсталираниот проток на хидроелектричните постројки изнесува 4,6 м3/сек., додека бруто-висинскиот пад на нивото на водата изнесува 193 м.