ЕКО производи

Предмети во домот што може (и треба) да ги замените со поеколошки варијанти

Наместо пластични, купете неколку метални сламки кои ќе можете да ги користите со години. Загадувањето на природата веќе е сериозен проблем и сите мораме да направиме некои промени во нашето секојдневие пред ситуацијата да стане уште полоша.

Едно од наједноставните, но и најкорисните нешта што можете да ги направите е да го намалите вашиот отпад, особено пластичниот.

Можеби ви се чини невозможно да го намалите отпадот што го создавате, но многу предмети во домот можете да ги замените со поеколошки варијанти.

Дел од нив во продолжение:

Хартиени бришачи

Иако хартиените бришачи се практични, со нив сепак создаваме многу непотребен отпад бидејќи се само за една употреба.

Затоа многу подобро е да користите крпи.

 

Пластични ќеси

Можете драстично да го намалите пластичниот отпад ако одите на пазарење со платнена торба.

Покрај тоа, кога ќе ја земете предвид цената на ќесите во маркетите, со платнената торба и ќе заштедите.

 

Зип ќеси

Иако се одлични за складирање храна, факт е дека една зип ќеса не можете да ја употребете повеќепати.

Наместо нив, подобро купете кутии за складирање храна кои не само што траат подолго, туку и подобро ќе ја зачуваат свежината на храната.

 

Алуминиумска и пластична фолија

Алуминиумската и пластичната фолија се одлично решение за да ја заштитите преостанатата храна од ручекот. Но, како и останатите предмети на листата, со нив се создава многу непотребен отпад.

Можете да ги замените овие фолии со силиконски капаци кои се флексибилни и можат да се користат за садови со различна големина.

 

Пластични четки

Иако ги користиме подолго отколку останатите предмети на листата, овие четки сепак се пластични и по некое време ќе завршат во отпадот. А, веќе е добро познат факт дека пластиката еден од најголемите штетници.

Наместо пластични, можете да купите четки од бамбус кои се разградуваат.

 

Сламки

И пластичните сламки се големи загадувачи, но нема потреба да се откажете од нив.

Наместо тоа, заменете ги со метални сламки кои ќе можете да ги користите со години.

 

Тагови

Поврзани вести