Македонија

По петти пат ќе се одржи планинарската акција „Милениумска патека“ на Сува Гора

Патеката е поставена истата година во рамките на низата настани по повод чествувањето на еден милениум постоење на Охридската Архиепископија.

Планинарскиот клуб „Јелак“, во соработка со Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи и Македонската православна црква, в недела 30 октомври по петти пат ја организира планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“ на падините на Сува Гора, која беше за прв пат одржана 2018 година по повод јубилејот „1000 години Охридска архиепископија“.

Патеката е поставена истата година во рамките на низата настани по повод чествувањето на еден милениум постоење на Охридската Архиепископија.

-Пешачењето тргнува од село Блаце и завршува во село Волковија. Акцијата спаѓа во лесни планинарско-рекреативни тури. Погодна е и за почетници и за поискусни планинари, рекреативци и вљубеници во природата со кондиција за движење. Поканети се сите поединци, планинарски клубови и друштва, информира Александар Стојановски од ПК „Јелак“.

Долж патеката се поминува покрај повеќе православни цркви, археолошки локалитет – месност „Граиште“ во Стенче, движење низ пределот каде е сниман култниот македонски филм „Македонска крвава свадба“ и слично. Вкупна должина на патеката е 9 километри. Во 2019 година во рамки на акцијата беа засадени околу 150 дрвца долж „Милениумска патека“.

Тагови

Поврзани вести