Швеѓаните го направија првиот чекор напред кон иднината во која сопствениците на електрични возила повеќе нема да мора да ги полнат своите батерии на специјализирани станици за полнење, туку истите ќе се полнат при возење.
На дел од пат надвор од Стокхолм, Швеѓаните поставиле шини кои овозможуваат полнење на батеријата на електричните возила за време на возење – иако станува збор само за околу два километри пат, од Министерството за патен транспорт веќе имаат план за национална експанзија на овие патишта на иднината и во други делови на Шведска.
Освен тоа што со овој вид на полнење, сопствениците на електрични возила веќе нема да треба да размислуваат за количината на преостаната енергија и станица за полнење, патиштата како овој, би можеле да влијаат и на цената на самите автомобили.
Имено, со појавата на патишта на кои е можно да ја полните батеријата, производителите на автомобили ќе бидат во можност да поставуваат батерии со помал капацитет, а бидејќи батеријата е најскапата компонента на електричните автомобили, помала батерија би значело и помала цена на автомобилот, сметаат од The Guardian.