Употребата на пластични садови, прибор за јадење и чаши, не е сигурнa колку што сметаат потрошувачите, без оглед на тоа дали на пакувањето на овие производи стои ознаката „без БПА“. Ново истражување открива докази кои упатуваат на тоа дека користењето на пластика при јадење и пиење не е безбедно. Иако истражувањата биле правени врз глувци, научниците веруваат дека истите се релевантни и за луѓето. Истражувачите откриле дека кај глувците, заменските соединенија за Бисфенол А предизвикуваат намалување на бројот на сперматозоиди и одржливи женски јајце клетки, што се пренесува и кај следната генерација. БПА е ознака за хемиското соединение Бисфенол А кое се користи во пакувањата за храна и пијалаци од 1960 година. Се употребува и за изработка на тврда, транспарентна пластика. Според стручњаците, соединението од амбалажата или од пластичните садови преминува во храната, особено ако пластиката е стара или оштетена. Многу луѓе имаат навика да ги чуваат пластичните шишиња од вода или сок за да можат повторно да ги употребат за слична намена, не знаејќи дека тие може да бидат отровни. Секоја пластична амбалажа не е наменета за повеќекратна употреба. Некои шишиња треба да се употребат еднаш и потоа да се фрлат. Погледнувајте го знакот на дното на амбалажата! Дознајте која пластика ве труе! На дното на секоја пластична амбалажа се наоѓа триаголен знак со бројка во средината, а под него е ознаката која кажува колку е опасна пластиката што ја држите во рака. Ако шишето е наменето за еднократна употреба, не би требало да го користите повеќе пати. Пластика само за еднократна употреба Повеќето шишиња од минерална или обична вода како и од газирани и негазирани пијалаци имаат ознака PET (често се среќава и како PETE) со бројот 1 во триаголникот. Важно е да знаете дека тие шишиња се наменети исклучиво за еднократна употреба. Постои можност со секое ново полнење во водата да го испуштат тешкиот метал антимон, хемиското соединение EPA, кое го попречува функционирањето на хормоните. Таквите шишиња можат да испуштат и канцерогени материјали. Оваа пластика е сигурна Ќе ја препознаете по ознаките HDP (или HDPE), LDPE и PP или по броевите 2, 4 и 5. HDP (HDPE) е добра пластика за која постои најмала веројатност од испуштање хемикалии во водата. LDPE е вид пластика која за жал не се користи за изработка на шишиња, туку само за ќесички за пакување намирници. PP е исто така добар избор, пластика која се користи главно за чашки јогурт и има бела боја. Оваа амбалажа треба целосно да ја избегнувате Тоа е пластиката со ознаки PVC (некогаш и 3V), PS и PC (често и без ознака) или по броевите во триаголникот 3, 6 и 7. PVC испушта две опасни хемикалии кои ја нарушуваат работата на хормоните во организмот. И покрај тоа, оваа пластика се користи за производство на шишиња. PS во водата ја испушта канцерогената материја стирен. Најчесто се користи за пластични чашки за кафе за еднократна употреба или за амбалажа за брза храна. PC (или без ознака, но со број 7) е најлоша пластика за амбалажа на прехранбени производи бидејќи ја испушта опасната хемикалија BPA. За жал се користи во амбалажи за бебиња, шишиња за спортисти и садови за подготовка на храна.