Свет
Плажа целосно покриена од школки

Плажата „Shell Beach“ е една од најинтересните туристички атракции во Западна Австралија.
Имено, на оваа плажа нема воопшто песок, а таа целосно е покриена од школки.
Поради тоа што водата е многу солена и кристално чиста, школките немаат природни непријатели, така што постојано се размножуваат.
Морето ги исфрла во толкав број, што оваа плажа моментално е долга дури 60 километри и непрекинато расте.
Во светот постојат само две плажи од ваков вид.