ЕкономијаСвет

Падна цената на нафтата

Цената на нафтата синоќа на светските пазари се намали поради зголеменото снабдување од Саудиска Арабија и Русија и забавениот економски раст во Азија. На лондонскиот пазар цената за барел падна за 53 центи и изнесува 78,7 долари. Во Њујорк еден барел се тргува по речиси непроменета цена од 74, 1 долари.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп во саботата на Твитер објави дека саудискиот крал Салман бин Абдулази ал Сауд се согласил да произведува повеќе нафта можеби и до два милиони барели, иако Белата куќа подоцна ја повлече ваквата изјава.

Барањата за зголемување на производството се резултат на загриженоста за снабдување со оглед на нарушеното производство во Канада, Венецуела и Либија и очекуваното намалување на иранскиот извоз поради американските санкции.

Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) не објави податоци за цената на барелот на крајот на минатата недела. Минатата среда изнесуваше 74, 31 долар.

Тагови

Поврзани вести