Свет

ОН: Светското население надмина осум милијарди луѓе

Светската популација денеска надмина осум милијарди луѓе, објавија Обединетите нации, предупредувајќи дека регионите кои веќе се соочуваат со недостиг на ресурси поради климатските промени имаат повеќе тешкотии, пренесува Ројтерс.

Постигнувањето на осум милијарди луѓе е „знак за успех на човештвото, но исто така е голем ризик за нашата иднина“, рече Џон Вилмот, директор на одделот за население на ОН.

Земјите со среден приход, претежно во Азија, имаат најголем дел од тој раст, зголемувајќи го своето население за околу 700 милиони луѓе од 2011 година,пренесе Танјуг.

Тагови

Поврзани вести