Забава
„Од криминалец до готвач“: Снуп Дог издава книга за готвење
Откако неговото готвачко шоу со Марта Стјуарт доби номинација за Еми награда, раперот Снуп Дог доби уште една генијална идеја: да издаде книга за готвење со рецепти за подготвување пилешко, лосос и слатки десерти за моментите во кои сакате да се наградите себеси со нешто вкусно.
Неговата прва книга за готвење ќе биде наречена „From Crook to Cook“ („Од криминалец до готвач“) и би требало да излезе во октомври оваа година.
Раперот ќе ги сподели неговите омилени рецепти за подготвување на фини и отмени оброци како јастог во сос, но и многу поедноставни јадења како вафли и палачинки, а спомена дека во книгата ќе се наоѓа и неговиот личен рецепт за џин и џус.
Издавачката куќа Chronicle Books ветува дека рецептите кои се наоѓаат во книгата ќе се наоѓаат рецепти за задоволување на гладта во моменти кога ќе нападне кризата за манчис, алудирајќи на омилената навика на Снуп Дог – пушењето марихуана. Сепак, тие уверуваат дека марихуаната не е состојка на ниту еден од рецептите.
Снуп Дог е познат како рапер со музичка кариера која почна во 1992 година. Во 2017 година тој беше дел од готвачко шоу заедно со популарната Марта Стјуарт, кое беше номинирано за Еми награда.