Македонија

Од денес кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, што значи слободни набавки без тендери по астромномски цени

Одлуките на Владата за кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија низ државата и топлинска енергија во Скопје денеска стапија на сила и ќе важат 30 дена.

Тие две одлуки владата ги донесе на 25 август, како што беше објаснето, поради недостигот на струја и состојбата на пазарот на електрична енергија и немањето топлинска енергија, можноста за користење алтернативно гориво.

Тие се усвоени на предлог на Управниот комитет за координација во системот за управување со кризи на Македонија.

Претходно, во ноември минатата година, во земјава беше прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, за да може државата да интервенира од буџетот за да се зголеми ликвидноста на енергетските компании за производство и пренос на електрична енергија, ЕМС и МЕПСО, како и за увоз на електрична енергија во случај на евентуални дефекти во електраните, со што практично се најавија дефектитр кој ќе следат и кои ќе бидат ударно оправдување на власта. Зошто власта не превзема ништо за сервиситање и ставање во полна функција и непречана работа тоа е забранета тема за разговор, а камо ли тоа што не се превзеде ништо за дополнителни решенија и подигање на капацитетите на домашното производство на струја со што граѓаните би добиле евтина струја.

Тогаш, на 9 ноември 2021 година, владата на Зоран Заев прогласи криза во снабдувањето со електрична енергија за 30 дена, по што истата беше продолжена до 9 јуни 2022 година, поради „недостигот на струја и состојбата на пазарот на електрична енергија“, овие кризни состојби се носат најмногу за да се овозможат интервентни набавки на електрична енергија кои не подлежат на тендери и јавни набавки и каде се прави тежок криминал со набавки со енормно висои цени кои на краи ги плаќа народот и стопанството. Очигледна тенденција за уништување на Македонија од оваа квислиншка власт.

Тагови

Поврзани вести