Македонија

Ново оправдание без одговорност: Не работи багерот за ископ на јаглен во рудникот „Суводол“!

Денеска е прекината работата на багерот за ископ на јаглен на најдолната точка во “Суводол“, но прекинот ќе биде краток, соопштија од РЕК Битола.

„Багерот 630/2 кој врши ископ на јаглен на најдолната точка во Рудникот ПЈС Суводол во РЕК Битола од попладнево е во краткотраен прекин заради обилните врнежи од дожд што го зафатија рудникот. Багерот е на најниската точка во ПЈС Суводол, бидејќи ги ископува последните количини на јаглен во тој дел од рудникот, по што ќе биде преместен на друга локација согласно планот за работа“, велат од термоелектраната.

Водата од собирникот што се наоѓа во непосредна близина на багерот, направен специјално за вакви ситуации, се исцрпува со пумпи и од РЕК Битола најавуваат дека багерската единица за неколку денови ќе биде повторно во функција, пишуваат денес провладините медиуми.

Дали ова е најава дека пропагандната машинерија на владата оваа зима ќе не занимава со тоа дали работи багерот за ископ на јаглен и поради тоа е енормно зголемена цената на струјата или повторно ќе се користат дефектите на блоковите во РЕК Битола како замајување на јавноста од високите сметки за електрична енергија останува да видиме во периодот што следи. Наитересно е дека никој не превзема никаква одговорност за ништо, заклучок кој може да се донесе од изминатата година кога постојано не “информираа” за дефектите во најголемата термоелектрана.

Не сме ние виновни, багерот се расипа!

Тагови

Поврзани вести