Свет

На Гренланд откриен нов остров кој е најсеверна копнена точка на светот

Откритието следи во момент додека арктичките нации – САД, Русија, Канада, Данска и Норвешка водат битка за контрола над Северниот Пол оддалечен околу 700 километри кон север, како и за околното морско дно, за правата на риболов и поморски патишта настани со топењето на глечерите поради климатските промени.

„Не ни беше намерата да откриеме нов остров“, изјави истражувачот  Мортен Раш за Reuters.

Научниците всушност биле на мисија по примероци, па отпрвин мислеле дека стигнале до остров откриен во 1978 година од дански истражувачки тим. Но, подоцна, проверувајќи ја точната локација, сфатиле дека се на друг остров што се наоѓа 780 метри северозападно.

„Ние наликуваме на истражувачите од минатото кои мислеле дека стигнале на одредено место, но всушност се нашле на сосема некое друго место“, вели швајцарската бизнисменка Кристиен Лестер, која ја финансираше експедицијата.

Малиот остров е со пречник од 30 метри, највисокиот врв изнесува околу 3 метри и се состои од кал и наталожен материјал од глечерите кои постојано се движат.

Од данскиот Национален вселенски институт потврдија дека ова моментално е најсеверната копнена точка во светот.

Извор: Klix.ba

Тагови

Поврзани вести