Живот
Најшареното езеро на светот – нереална убавина која само природата може да ја создаде
Многумина веднаш помислуваат дека станува збор за обоени камења, но единствениот сликар овде е самата природа.
Во сојузната американска држава Монтана, на самата граница со Канада, се наоѓа познатиот Национален парк Glacier, т.н. ледник, кој што се формирал во текот на леденото доба.
Паркот го опфаќаат над 100 поголеми и помали езера, неверојатно чиста и проѕирна вода.
Таа проѕирност и до неколку метри во длабочина се должи на релативно ладната температура во текот на годината поради која што нема планктони.
Некои од нив се навистина големи, што не е вообичаено за планинските езера.
Најголемото езеро McDonald, со површина од 27 километри, долго е 15 километри и длабоко 141 метар.
Уште една невообичаеност се шарените камења на западното крајбрежје. Нивната боја варира од впечатливо црвена до зелена и сина, а на радост на посетителите, се наоѓаат на самото крајбрежје од езерото.
Имено, бојата на камењата зависи од присутноста или пак отсутноста на железото, т.е. оксидацијата.
Секоја боја има свое образложение – црвена значи дека каменот се наоѓал во плитката вода и така често биле изложени на зраците.
Зелена боја имаат камењата кои што се наоѓаат во подлабокиот дел од водата, значи слаба изложеност на зраците.