Патувања
Најубавите 8 острови кои може да ги видите на Тајланд

Тајланд важи за една од најатрактивните дестинации во светот. Тиркизно море, егзотична природа, романтични куќички, забави и секако превкусна храна. Во Тајланд не може да поминете неубаво. Тајланд важи за земја со раски вкусови, затоа никако немојте да се плашите да ја пробате нејзината улична храна.
Доколку сте љубител на морската храна, тогаш Тајланд е земја каде што овој тип на храна ќе ја почуствувате на еден поинаков начин. Затоа денеска се одлучивме да ви претставиме неколку од најдобрите острови во Тајланд кои вреди некогаш да се посетат.
Кох Самуи
Еден од најпознатите острови на оваа земја, особено областа Камалаја во која може да се видат преубави одмаралишта. Овој остров е идеален за парови и за фамилии.
Кох Тао
Ако сакате авантури, тогаш овој остров е дефинитивно за вас. Овој остров исто така е познат и како осторовот на желките, а тука освен за парови, можете да и да почуствувате супер забави.
Кох Фанган
Ако сте некој кој сака боемски фазон, сакате да танцувате и добар пијалок, а утрешниот ден да се релаксирате со една добра масажа, тогаш овој остров е вашата следна адреса.
Пукет
Во Пукет можете да најдете се! Ако се решите да одите на овој остров, мора да знаете дека вие не сте дошле тука за одмор, вие тука сте дошле за добар провод.
Кох Ланта
Станува збор за еден навистина мал остров, но волшебен. Феноменална природа и неверојатно убави плажи.
Кох Чанг
Ако сакате дивина и опуштена атмосфера, тогаш овој остров е за вас. На овој остров морате да ја посетите Хад Саи Нои плажата која е позната по своите тропски барови.
Ко Фи Фи
Овде е сниман филмот Beach со Леонардо Ди Каприо. Овој остров е идеален за сите оние зависници од адреналин, бидејќи може да играте различни спортови на вода.
Симилиан
Девет острови кои заедно го сочинуваат Националниот парк Симилиан. Она што е карактеристично за овие острови е неверојатната природа и карпите кои може да се видат од страните на осторовите кои нудат уште неверојатна глетка кон плажите.