Економија

Најголемиот дел од Руската нафта ја купуваат земјите-членки на Европската унија

Според извештајот на независниот Центар за истражување на енергијата и чистотата на воздухот (CREA) од Финска, дури 61 отсто од овогодишниот извоз на руски фосилни горива отишол во Европската унија.

Во првите 100 дена од војната во Украина, од извозот на фосилни горива Русија заработи 93 милијарди евра, а просечната извозна цена беше за околу 60 отсто повисока од минатата година благодарејќи на воведените санкции и шпекулациите на берзата со информации и пропаганда. Најголемиот дел од фосилните горива на Русија ги купија земјите-членки на Европската унија кој пак со зголемување на цените и даноците продуцираат огромни профити на штета на своите граѓани.

Најголеми поединечни увозници на руски фосилни горива се Кина (12,6 милијарди евра), Германија (12,1 милијарди евра) и Италија (7,8 милијарди евра), вели извештајот кој го објавува АФП.

Најголем дел од приходите на Русија од фосилните горива се поврзани со сирова нафта (46 милијарди евра), следи гасот што Русија го извезува преку гасоводи, па нафтените деривати, природниот гас (ЛНГ) и јагленот.

Иако во мај рускиот извоз на фосилни горива падна бидејќи доста земји и компании го намалија увозот на руска енергија поради инвазијата на Украина, рускиот буџет не настрада благодарејќи на глобалниот пораст на цените на фосилните горива, па руските приходи од фосилните горива достигнаа дури и рекордни нивоа.

Цените на руските фосилни горива за извоз се во просек за 60% повисоки од минатата година, а некои земји, како Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати, го зголемиле увозот на фосилни горива од Русија, пренесува порталот off.net.mk

„Додека ЕУ размислува за построги санкции кон Русија, Франција го зголеми својот увоз и стана најголемиот светски купувач на природен гас“, вели аналитичарката Лаури Миљвирта, додавајќи дека со оглед на тоа дека повеќето од овие набавки не се долгорочни договори, тоа значи дека „Франција свесно одлучи да користи руската енергенти после инвазијата на Украина“

Тагови

Поврзани вести