По приемните испити во СУГС „Орце Николов“ каде од 292 ученици со сите петки, само 11 покажале одличен успех на тестот, се огласи и министерот за образование. Јетон Шаќири за Алфа изјави дека „уписот во гимназијата „Орце Николов“ само ја покажа реалната слика на образовниот систем во Македонија, на кој мора сериозно да се работи“. – Искрено да ви кажам, дали сум задоволен од резултатите – не сум, разочаран сум од последните случувања, каде голем дел од учениците вештачки добиваа петки, односно одличен успех. Да се имаат предвид, но и да се испитаат и педагошките и психолошките причини зошто имаа вакви влијанија во резултатите. Ако сакаме да се изгради здрав образовен систем кој "КЕ" функционира и "ЌЕ" дава резултати, треба сериозно да се поработи, а "ЌЕ" работиме и "ЌЕ" придонесуваме сите заедно за конкретните состојби, не само со последните случувања туку воопшто во образованието, додаде министерот Шаќири. Ваква изјава даде министерот за образование кој замислете е разочаран од работата на министерството за образование, па ваква шега нема ни во најголемите комедии во Холивуд. Истиот таканаречен министер кој спроведуваше наредби за бришење на македонската историја и Македонија како држава спроведувана од невладиниот сектор и од него самиот сега се сети дека образовниот систем во Македонија е на дното и дека се повеќе сме сведоци на катастрофални генерации без знаење и дека треба нешто да се преземе. Ако се водиме според начинот на работа на оваа поставена власт ќе дојдеме до заклучок дека тоа е и целта на истата, тотално уништување на образовниот систем и производство на генерации на неспособни млади луѓе. Секако дека тоа нема да им успее!