Забава
Историјат за првата поштенската марка
Во четириесеттите години на 19 век во рамки на реформата на британскиот поштенски систем кој до тој момент бил мошне хаотичен и претставувал плодно тло за корупција и разни злодела, настанала првата поштенска марка. Системот бил пред распад зашто оние што ги добивале пратките често не сакале или не можеле да ја платат услугата. Од друга страна, праќачите не се колебале да праќаат големи, кабасти предмети, или упорно секојдневно да праќаат писма. Поштата носела сè, но не можела да ја наплати доставата.
Сер Роланд Хил
За изумител на поштенската марка може да се смета и Вилијам Доквра, британски трговец кој со својот колега Роберт Мари кон крајот на 17 век воспоставил сосема рудиментарен поштенски систем во Лондон, таканаречениот Лондон пени пост. Тие за едно пени пренесувале писма исклучиво во градот Лондон. Меѓутоа, на писмата чиј транспорт бил платен не лепеле марка налик на денешната, туку ставале печати, што може да се смета за директен претходник на марката.
Но, да се вратиме на реформата на поштенскиот систем на Хил. Најголемата промена што ја вовел бил системот за наплата – сега испраќачот морал да ја плати услугата. Следните години поштенските марки станале многу барани и покрај тоа што услугата морала да се плати по секоја цена. Според податоците на Британскиот поштенски музеј, пред воведувањето на оваа марка во 1839 година, испратени се 76 милиони писма. Во 1850 година бројот на доставени писма изнесувал околу 350 милиони!
Вилијам Доквра и печатот претходник на поштенската марка
Така ова парче хартија, главно со правоаголен и понекогаш триаголен или друг облик со слика, станало еден од оние изуми кои се мали, евтини, невообичаено едноставни, но имале неверојатен придонес во современото општество. Следните години и други држави почнале да воведуваат сличен систем, а тоа најпрвин го направиле Швајцарија и Бразил.
Иако наплатата на поштенската услуга станала драстично поефикасна, тоа не влијаело на бројот на пратките, напротив. Дури кон крајот на 20 век поштата стана помалку оптоварена откако поевтини телефонирањето, а луѓето почнаа да се допишуваат и преку електронска пошта.
Пренесува okno.mk