Економија

Како стигнавме бродската трговија со пченкa да биде на насловните страници на медиумите во светот?

ВЕСТ: "Три брода со десетици илјади тони пченка утрово испловија од украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана.Овие бродови испловија благодарение на договорот постигнат со помош на меѓународната заедница за деблокирање на извозот на земјоделски производи од Украина и олеснување на растечката глобална криза со храна."

Ова се информациите и вестите кои се почесто ги читаме,гледаме и слушаме во последно време.Како стигнавме бродската трговија со пченки да биде на насловните страници на медиумите во светот, прашува Екобаланс?

Вака пишуваат некој од највлијателните светски медиуми:

“Два брода тргнаа од Чорноморск, а еден пловел во близина на Одеса, а вкупно превезуваат околу 58.000 тони пченка, пренесува Ројтерс.”

“Турското Министерство за одбрана на Твитер објави дека бродот „Навистар“ под панамско знаме превезувал 33.000 тони пченка и се упатил кон Ирска.”

“Како што се додава, „Ројен“ со знаме на Малта превезува 13.000 тони пченка и се движи кон Велика Британија.”

“Бродот „Поларнет“ под турско знаме носи 12.000 тони пченка, а дестинација е турското црноморско пристаниште Карасу.”

“За почетокот на кризата на Украина на 24 февруари, првиот брод со жито замина во понеделникот на 1 август, кој беше поздравен од меѓународната заедница како чекор кон спречување на гладот ​​на светско нив.”

Никој од овие светски медиуми не се запрашал со наједноставните прашања: Зошто,како и кој го доведе светот во оваа ситуација, чии одлуки се фатални и кој заработува огромни суми на пари на оваа вештачки создадена криза? Дали ова е само кампања со која преку замислен вештатчи создаден недостаток на храна се оправдуваат огромните покачувања на храната….Нека овие прашања бидат Вашата тема на анализа и размислување драги читатели на Екобаланс.

Тагови

Поврзани вести