Македонија
Како казната може да спречи умоболен човек да вози 130 km/h на Партизанска?

Систем изграден врз манипулации и пропаганда може дури и да тврди дека некаква казна би можела да спречи личност со сериозни ментални проблеми да изврши убиство – како трагедијата што се случи вчера на Партизанска во Скопје – или кое било друго кривично дело.
Но, која е таа казна што може да го спречи ментално растроен поединец?
Дали ваквите личности функционираат според здрав разум? Дали некаков закон или пишано правило може да има било какво влијание врз нив? Секако дека не. Законите се создадени за оние кои се способни да размислуваат рационално или барем за оние што може да бидат заплашени од последиците.
Во меѓувреме, живееме во болен систем на материјализам и површна „турбо-фолк“ култура – животен стил увезен од северниот сосед, каде што простотилакот, дебилизмот и кретенизмот доминираат. Нашите медиуми, потплатени за мизерни суми, без срам ја промовираат оваа „култура“ во Македонија, дополнително уништувајќи го веќе разнишаното општество.
Образованието, веќе со децении, не создава образовани и самостојно размислувачки луѓе, туку неписмени, неинформирани поединци без основен морал, логика или општа култура. Мора да признаеме – некогаш не беше вака. Оваа состојба не беше реалност сè до насилното наметнување на капитализмот, кој целосно го сведе образовниот систем на средство за создавање послушни и лесни за манипулација, а не мислечки граѓани.
Каде се институциите што се грижат за луѓето со пречки во развојот, душевно болните и оние со сериозни ментални растројства? Зошто овие установи се затворени или недостапни, а овие лица се оставени да талкаат низ образовниот систем и слободно да шетаат по улиците?
Дали ова е намерно? Дали целта е тие да бидат оставени без надзор, со што се создава дополнителна вознемиреност и несигурност кај обичните граѓани?