Воздух

Индија дише најзагаден воздух

Загадувањето на воздухот е причина за околу седум милиони прерани смртни случаи според Светската здравствена организација (СЗО). Софтверската компанија „Ер вижуал“ неодамна го објави својот извештај за квалитетот на воздухот во 2020 година, во кој откри дека 15 од 20-те најзагадени градови во светот се наоѓаат во Индија, иако најтешко погодениот град од загадувањето на воздухот всушност се наоѓа во Кина.
Западниот кинески град Хотан лани просечно регистрирал загадување на воздухот од 110,2 ПМ честички. Веднаш зад него се повеќе индиски градови како Газијабад, Буландшахар и Бисрак каде што е регистрирана концентрација на над 95 ПМ честички во воздухот. Покрај Хотан, на листата на најзагадени градови во светот се три града од други држави, како Маникганџ во Бангладеш и Лахор и Бахавалпур во Пакистан.

Тагови