Свет

Зимските бури предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај во САД

Воздушниот сообраќај на североистокот на САД е многу нарушен поради предупредувања за бура и снег. Стотици летови се откажани - токму во периодот на божиќните патувања

Поради најавите за силни зимски бури и обилен снег на средниот запад и североистокот на САД, среде зимскиот патнички бран дојде до масовни откажувања и доцнења на летови. Според податоците на веб-страницата Flightaware, до петок попладне по локално време (26.12) биле откажани најмалку 1.490 летови, а повеќе од 5.900 биле одложени. Особено погодени од откажувањата и доцнењата се аеродромите во Њујорк и Чикаго.

Денеска се очекува да отпаднат уште стотици летови.

Расчистување снег во Њујорк

За сојузната држава Њујорк за ноќта кон сабота беа предвидени до 25 сантиметри снег. Американската национална метеоролошка служба (НВС) прогнозираше снежни врнежи за регионот северно од Големите Езера и предупреди на отежнати услови за сообраќај. За метрополата Њујорк исто така е издадено предупредување за невреме поради зимската бура, а предупредување има и за сојузните држави Пенсилванија, Њу Џерси и Конектикат, како и за делови од Мичиген, Масачусетс и Род Ајленд. Во Калифорнија, на западниот брег на САД, невремето во меѓувреме предизвика поплави, а аеродромот во Санта Барбара, северозападно од Лос Анџелес, мораше привремено да го прекине работењето.

Тагови

Поврзани вести