Македонија

Изложба на преку 230 фосилни родови и видови стари преку 70 милиони години

Денес, петок 18 мај, во 20 часот, во Природонаучниот музеј на Македонија свечено ќе бидат отворени две тематски изложби „Раѓањето на Фрушка ,,Гора“ од д-р Иван Дулиќ и „Карпи – скриени бои и форми“,на Дарко Тимотиќ.

Станува збор за геолошко-палеонтолошката изложба „Раѓањето на Фрушка Гора“,која е од исклучително научно и едукативно значење. Во рамки на изложбата ќе бидат изложени преку 230 фосилни родови и видови. Станува збор за фосилни остатоци на морска и слатководна фауна, копнена вегетација и остатоци од плеистоценски цицачи, од кои најстарите се од пред 70 милиони години. Во изложбата се прикажани и пресеци на
магматски, метаморфни и седиментни карпи од Тетискиот Океан (од пред околу 250 до 40 милиони години).

Во рамки на изложбата „Карпи – скриени бои и форми“ пак, авторот Дарко Тимотиќ на повеќе од 30 фотографии од уметничка гледна точка преку макрофотогрфии на пресеци на најинтересните примероци на карпи, минерали и скапоцени камења од целиот свет, ќе ни ја долови убавината на геолошкиот диверзитет.
Изложбите ќе бидат отворени за јавноста во периодот 19. мај – 10. септември 2018. година.

Тагови

Поврзани вести