Свет
Изграден водопад од 100 метри на облакодер
Луѓето патуваат надолго и нашироко за да ги видат најневеројатните дела на природата – водопадите. Вработените од компанијата Guizhou Ludiya го сфатиле ова и решиле да изградат водопад на страната на облакодер. Тие го направиле највисокиот „вештачки“ водопад.
Водопадот изгледа неверојатно, особено виножитото кое се појавува пред зградата кога надвор има сонце.
Но, водопадот сместен во Гијанг во провинцијата Гижоу, југоисточна Кина има потреба од 4 огромни пумпи кои ја качуваат рециклираната вода на височина од 106 метри пред таа повторно да падне на земјата. Водопадот претставувал вистински инженерски предизвик и поради високата сметка за струја (околу 90 евра на час) се употребува само во специјални прилики.
„Лично мислам дека изгледа добро. Сметам дека е повеќе за туристите во провинцијата Гижоу. Бидејќи најпознатиот водопад во Кина се наоѓа овде, ова е како мал додаток на таа атракција“, изјавил еден од локалните жители.
Многу луѓе реагирале негативно кога сфатиле колкави се трошоците за водопадот.
„Не е секогаш вклучен, само кога има интернационални и важни настани во околината. Покрај тоа има фонтани во паркот и декорации со светилки во градот. Ако навистина размислите за околината, сметам дека е најдобро водопадот да биде исклучен“, додал локалниот жител.
Градот забележал подобрување откако луѓето од целата провинција доаѓале да го видат ова ремек-дело.
„Пред 5 години ова беше една од најсиромашните провинции во Кина. Но сега власта сака да изгради голем центар за податоци, па економијата брзо се развива. На пример, базите на Епл, Гугл и Амазон ќе бидат лоцирани овде.“
Изгледа дека овој град го чекаат уште многу креативни и луди облакодери.