Македонија

Нов закон за дивеч и ловство

Собранието го усвои новиот закон за дивеч и ловство.

Имено новина е тоа што на Ловечката федерација и се даваат поголеми јавни овластувања. Од безбедносен аспект се предвидува задолжително обука пред полагањето на ловечкиот испит, флуоросцентните елеци стануваат задолжителни при ловење на дивеч. Ново е и тоа што ловната сезона започнува порано а се лимитира бројот на дозволен застрел по ловеч на ден за одделни видови на дивеч.

Дополнително, се овозможува законска можност за формирање на полигон за застрел на ситен дивеч од вештачко производство, како и законска можност за формирање на фарми за производство на месо од дивеч,

Од владата се пофалија дека ова биле европски регулативи, а организациите за заштита на животни веќе негодуваат и се вознемирани од донесувањето на ваков закон со кои се овозможува можност за формирање на фарми за производство на месо од дивеч.

Тагови

Поврзани вести