Свет

Задолжително годишно чистење на внатрешноста на моторите

Град Загреб го најави проектот кој има за цел намалување на загадувањето на воздухот предизвикано од сообраќајот, а кој се состои во воведување на задолжително годишно чистење на внатрешноста на моторите на сите видови возила. Се проценува дека оваа мерка ќе ја намали емисијата на штетни гасови од возилата за 30%. Истовремено, се тврди дека и потрошувачката на гоиво ќе се намали за 20%. Чистењето би чинело 150 куни (или околу 1300 денари), по што ќе се издаде налепница со која возилото ќе може да сообраќа низ градот. Оваа мерка се планира најпрво да се примени кај возилата од јавниот превоз како и возилата на градските служби. Покрај тоа, најавена е и модернизација на јавното осветлување во Загреб, односно воведување на ЛЕД осветлување, со што би се намалила потрошувачката на енергија за дури 60%. Проектот ќе се финансира од европските фондови кои ќе покријат 90% од вредноста на инвестицијата.

Тагови

Поврзани вести