Свет

Зависноста од играње видео-игри е прогласена за ментална болест!

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека компулсивното играње видео-игри го клацифицирала во ментално пореметување. Критичарите на оваа одлука на СЗО наведуваат дека со ова се ризикува да дојде до стигматизација на младите играчи.

Во најновиот, изменет прирачник за класифицирање на болести, СЗО соопшти дека класификувањето на „пореметување од играње игри“ како посебна состојба ќе им послужи на земјите да бидат подготвени да го идентификуваат тој проблем.

Докторот Шехар Сексан, директор на одделенито на СЗО за ментално здравје изјави дека „пореметувањето од играње игри“ треба да се третира какко ново заболување, на основа на научни докази. Според него, во многу делови во светот веќе се забележува потребата од лечење на ова пореметување.

Докторката Џоун Харви, портпаролка на Британското друштво на психолози, предупредува дека новата одредница може да опфати само мал број деца кои играат игри, а родителите ширум светот непотребно би се загрижиле.

Други пак го поздравија потегот на СЗО, наведувајќи дека е критично брзо да се идентификуваат зависниците од видео-игри, бидејќи тоа обично се тинејџери или млади луѓе кои сами не бараат помош.

– Доаѓаме во контакт со родители кои се растроени не само затоа што детето го напушта училиштето, туку и затоа што им се распаѓа семејството – вели доктрката Хенријета Боуден Џонс, од британскиот кралски психијатриски колеџ.

Доктор Џоунс вели дека зависноста од игрите обично најдобро се лечи се психолошки терапии, а некогаш и со лекови.

Доктор Марк Грифитс, кој 30 години го истражува концептот на „пореметување од играње видео-игри“ изјави дека новата класификација ќе придонесе овој проблем да се легализација и така ќе се засилат стратегиите за лечење.

– Играње видео-игри, од психолошка гледна точки е некој вид коцкање без пари. Коцкарите користат пари за да го мерат успехот, а во игрите се користат поени – изјави тој.

Тој додаде дека процентот на играчи на видео-ири кои имаат проблем со компулсивно играње е веројатно многу мал, помал и од еден отсто и дека многу од нив веројатно имаат други проблеми како што се депресија, биполарно однесување или аутизам.

Тагови

Поврзани вести