ЕКО бизнисМакедонија

„Екологизацијата” на градскиот превоз?!

Првиот од двата тест еко-автобуси кој ги доби град Скопје е производ на Mercedes и место дизел како погонско гориво троши компримиран природен гас. Според производителот трошоците за негова експлоатација се два пати помали. Вториот автобус е електрична копродукција на израелско-бугарската компанија Chariot Motors со кинескиот производител Higer и според нив, согласно нашите цени на струјата, има за шест пати помали трошоци за експлоатација. Во поглед на загадувањето на воздухот добиваме само општи податоци.Германците велат дека нивниот автобус речиси воопшто не го загадуваат воздухот притоа мислејќи на јагленород-диоксидот во издувните гасови, додека за електричниот автобус кој има нулта емисија во возење воопшто не се спомнува дека при производството на струјата што ќе ја троши се емитува некаква си количина штетни материи.

Тагови

Поврзани вести