Екобаланс ТВ
Екобаланс видео вести:природата на Шар Планина,нова легислатива која ќе ги забрани пластика, фјордовите ќе станат зони со нулта емисија до 2026 година
Природата на Шар Планина до 2038 година мора да биде заштитена. Сите села да имаат организирано собирање на сметот, канализација и пречистителни станици за отпадни води. Месните заедници да имаат одлучувачка моќ и нивниот глас да се вреднува и слуша. Во идното заштитено подрачје сите чинители работат здружено со иста цел а тоа е заштита на природата и благосостојба на локалното население. Ова е визијата на претставниците на локалното население од шесте општини под Шар Планина (Гостивар, Врапчиште, Боговиње, Теарце, Јегуновце и Тетово) презентирана на шест одделни трибини за креирање на заедничка визија за планината за 20 години од сега...
Европската комисија подготвува нова легислатива која ќе ги забрани пластичните сламки, чинии, вилушки, па дури и рачки за балони. Ова поради желбата на Брисел да го зголеми придонесот на Европа за зачувување на светските океани и плажи кои се многу загадени со пластичен отпад…
Една од најпоуларните туристички дестинации во Европа се фјордовите во Норвешка. Норвешкиот Парламент неодамна најави дека фјордовите ќе станат зони со нулта емисија до 2026 година. Оваа одлука ќе погоди многу големи бродови, односно крузери кои во своите тури имаат десетици застанувања во овие предели, во текот на една седмица.
Geirangerfjord, еден од најпознатите фјордови во земјатата, дочекува околу 300.000 туристи од модерните крузери во текот на една година…