Свет

Државата Албанија распродава територии на кои ќе стигне

По продажбата на територии за изградба на мигрантски логори на Италија сега државата Албанија распродава територии на кои ќе стигне, се создава суверена држава за шиитскиот суфи-бекташки ред во Тирана.

Албанската влада планира да претвори 27 хектари земјиште во источна Тирана во микродржава наречена Суверена држава на редот Бекташи, која ќе има свои граници, пасоши и администрација.

За водачот на Бекташискиот ред, Едмонд Брахимај, познат на неговите следбеници како Баба Монди, ова нормално смета дека е „инзвонредна иницијатива“ која наводно ќе донесела нова ера на светска верска толеранција и промовирање на мирот, вели тој. Но, дали со ова ќе се создадат услови за во Албанија да се разгорат меѓуверските и меѓуетничките нетрпенија со оглед на мултинационалниот мешан состав на населението во земјата каде најмал број од жителите се чувствуваат како албанци.

На Генералното собрание на ОН, Рама се правдаше дека суверената енклава ќе биде „нов центар на толеранција и мирен соживот“. Бекташкиот ред има седиште во Албанија од 1929 година.

Бесник Синани, научник во Центарот за муслиманска теологија на Универзитетот во Тибинген и ко-основач на Институтот Конак со седиште во Тирана, за Дојче веле изјави дека одлуката е „невиден случај на современ религиозен инженеринг“.

Тој додава дека албанската влада не понудила ниту еден убедлив аргумент кој би го оправдал ваквиот потег. Алберт Ракипи, претседател на Албанскиот институт за меѓународни студии, тврди дека ова не е само прашање за кое одлучува владата.

– Иако не се работи за формирање држава во класична смисла, со одредено население, територија, институции како војска, полиција, бирократија, судови, даночна управа и други детали поврзани со внатрешниот суверенитет, одлуката ќе биде во рацете на парламентот – изјави тој за Дојче веле.

Постои неизвесност како ќе се признае суверенитетот на енклавата. Албанскиот устав вели дека „Република Албанија е единствена и неделива држава“. За да се промени ова, потребен е уставен амандман, кој треба да биде одобрен со мнозинство од 94 гласови или две третини од сите членови на парламентот. Дали овде Македонија треба да ја види шансата и да помогне на македонците таму во создавање на Македонска независна територија во границите сегашната државата Република Албанија со оглед на мнозинското македонско население кое живее во истата.

Според информациите од 2023 година, помалку 50 отсто од Албанија се муслимани, од кои десет отсто се членови на редот Бекташ. Православните го сочинуваат мнозинството од населението.

Тагови

Поврзани вести