Македонија
До 21 мај пријави за субвенции за печки на пелети
Граѓаните што ќе купат печки на пелети заклучно со 21 мај годинава, ќе добијат дел од трошоците за набавка во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство, информираат од Град Скопје. Оттаму додаваат дека повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Повикот беше објавен на 5 април годинава и е предвидено да трае 45 календарски дена, заклучно со 21 мај или додека не се исцрпат средствата од буџетот на градот предивидени за оваа намена. Досега се поднесени 163 барања за субвенции.