Македонија

Ќе снема детско игралиште од ѓубре!

Во центарот на „метрополата”, во Капиштец, игралиште наменето за деца, кое се наоѓа до уште една установа за деца – Дневен центар за деца со целебрална парализа – го снемува. Покриено е со ѓубре. Вакви слики има насекаде низ градот.

Има ли некој да се засрами, да преземе нешто, има ли одговорен: Министерство за екологија, Градот, општините, Комуналец , училиштата кои (не) ги воспитуваат младите… За совеста на постарите нема да коментирам – најчесто тие се загадувачите, и примердавачите на децата. Претпоставувам дека сите погоре набројани си ја префрлаат вината на другиот.

Крајно време е да се почне со сериозна и темелна кампања да ја исчистиме Македонија додека не се затрупаме во ѓубре. Ќе започнеме ли конечно?

Тагови

Поврзани вести