Свет
Денес ќе биде запален олимпискиот оган
Традиционално од зраците на сонцето, во античка Олимпија денеска ќе биде запален олимпискиот оган за Летните олимписки игри „Париз 2024“, на 26 април ќе им биде предаден на организаторите.
На денешната манифестација ќе присуствуваат претседателката на Атина Катерина Сакеларопулу, како и претседателите на Меѓународниот Олимписки комитет „Париз 2024“ Томас Бах, Спирос Капралос и Тони Естанге.
Ќе патува од Крит до Александрополи и од Крф до Кастелоризо, поминувајќи низ 13 региони, седум острови, 43 градови, 41 општина, пет заедници, 10 археолошки локалитети и два олимписки музеи во Атина и Солун.
Следниот петок, на 26 април ќе пристигне во Атина, каде што во попладневните часови на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик ќе биде предаден на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз.
Манифестациите во таканаречената држава “Грција”, како палењето, така и штафетното пренесување низ земјата и предавањето на организаторите во Атина, по пауза од четири години ќе се одржат регуларно, со оглед на тоа дека во октомври 2021 година и март 2020 година поради пандемијата сите свечености беа без публика, а олимпискиот оган за Зимските Олимписки игри „Пекинг 2022“ и летните Олимписки игри „Токио 2020“ од Атина замина без штафетното да патува , туку директно им беше пренесен на домаќините.