Свет

Град без улици

Улиците целосно се заменети со канали со вода и транспортот се извршува само со кајчиња.

Холанѓаните предничат во иновациите за чист воздух и здрава околина

Холандија не е само земја на прекрасни лалиња и фантастични глетки, туку и на високо напредна технологија и интелигентни достигнувања.

Со воодушевување ви пренесуваме дел од нив, кои дефинитивно jа ставаат Холандија неколку светлосни години пред остатокот од светот.

1. Уред за контролирање на соништата
Научниците од Холандија измислија уред кој ви дозволува да ги контролирате соништата и да ги подредите редоследно. Иако ова си бара напор и вештини, сепак се смета за алтернативна реалност.

2. Прстени кои го собираат смогот
Плус минус, чинат околу 250 евра и се изработени од посебен материјал кој има за цел да го исчисти воздухот околу вас. Смогот се собира во внатрешноста на проѕирната коцка.

3. Првата соларна патека за велосипеди
Во 2014-та во Холандија за првпат беше изградена патека за велосипеди од соларни панели. Насобраната светлина преку ден навечер се претвора во светло за попрегледно возење.

4. Мостови во реката, не над неа
Мостот кој „исчезнува“ во реката, наместо да виси над неа стана атракција. Името Мосји мост упатува кон библиската приказна за истоимениот пророк пред кој водата се раздвоила.

5. Ранец со чист воздух
Изум на студентите од Холандија – ранец со билки кои го чистат воздухот и поврзани цевки со маска преку која го дишите чистиот воздух. Ова се смета за генијална алтернатива на обичните маски против загадениот воздух.

6. Кружен тек за велосипедисти
Во Холандија бројот на велосипедисти е огромен, а од пред неколку години беше дизајниран и изграден посебен кружен тек за нивното возење и преминување на големите патишта да биде побезбедно.

7. Живот во футуристички куќички
Тешко е да замислите, но во Холандија во 1984-та се граделе ваков тип на футуристички куќички кои до ден денес се атракција.

8. Монтажни мостови
Мостовите од иднината изгледаат токму вака.

9. Семафори за оние кои не се двојат од смартфонот
Земајќи ја предвид модерната „зараза“ – смартфонот, во Холандија се поставени хоризонтални семафори. Така, кога погледот е насочен надолу во екранот од мобилниот, пешакот истовремено може да гледа дали е црвено или зелено.

Тагови

Поврзани вести