Македонија

Гордана Сиљановска- Давкова: Првата македонска претседателка

Последна вест е дека инугаративната седница за новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, ќе се случи в недела, во 12 часот. Најпрво ќе се чека Извештајот од ДИК со кој и официјално ќе се прогласи Силјановска-Давкова за претседателка на Македонија. Пендаровски, по истекот на мандатот, изјави дека се враќа на старото работно место на универзитет, но останува дилемата дали ќе ги користи привилегиите кои му следуваат по закон бидејќи тој пред пет години, на почетокот на својот мандат рече дека по заминување од функцијата ќе се откаже од правото на користење на Кабинет со соработници и од доживотната претседателска пензија.

Гордана Силјановска-Давкова станува прва жена претседател на Македонија, откако на претседателските избори извојува убедливо водство пред кандидатот на СДСМ, актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски. Таа се сели во „Вила Водно“ каде што останува во следните пет години.

Мандатот на актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој беше избран во 2019 година му престанува на 12 мај годинава. Со оглед на тоа што вториот круг од претседателските избори се одржува заедно со парламентарните избори, мандатот за состав на новата влада ќе треба да го довери на победникот на парламентарните избори. Последна вест е дека инугаративната седница за новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, ќе се случи в недела, во 12 часот. Најпрво ќе се чека Извештајот од ДИК, со кој и официјално ќе се прогласи Силјановска-Давкова, за претседателка на Македонија.

„Претседателот Митрески ќе ја закаже Инаугуративната седница откако ќе го добие Извештајот од ДИК, рокот е до петок до 19 часот. Откако ќе го добие Извештајот ќе ја закаже Инаугуративната седница, која ќе се одржи на 12.5 (недела), во 12 часот“, стои во прес-службата на Собранието.

Силјановска-Давкова, 10 дена по конституирањето на Собранието, ќе треба да го додели Мандатот за состав на нова Влада на кандидатот на партијата/коалицијата која има мнозинство во Парламентот.

Инаку, Пендаровски по завршување на изборите ѝ ја честиташе убедливата победа на Силјановска-Давкова и им се заблагодари на сите учесници во изборниот процес и на медиумите за соработката во изминатите пет години.

-Резултатите се јасни и немам намера подетално да ги образлагам. Согласно резултатите досега им честитам на победниците, да им посакам успешна работа во следните четири, односно пет години, рече Пендаровски и додаде дека по завршување на изборите се враќа на истото работно место пред да стане шеф на државата, на факултет, односно на универзитет каде што бил порано.

Сепак, останува дилема дали Пендаровски, по истекот на мандатот нема да ги користи привилегиите кои му следуваат по закон бидејќи тој пред пет години на почетокот на својот мандат рече дека ќе се откаже од правото на користење на Кабинет со соработници и од доживотната претседателска пензија.

Тој тогаш најави дека по истекот на мандатот претседателот дека ќе побара просторија во некоја од државните институции каде како поранешен претседател би ги извршувал протоколарните активности.

Предлогот за намалување на бенефициите на поранешните претседатели ја покрена Антикорупциска, откако трошоците ги оцени како непродуктивни. Според тогашните пресметки, Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски на пример, годишно имаат на располагање над 100 илјади евра за работни канцеларии, возач, обезбедување, соработници и претседателска пензија.

Според сегашните закони, пратениците по завршување на мандатот имаат право на апанажа во рок од една година по истекот на мандатот, а претседателските привилегии пак се доживотни.

Тагови

Поврзани вести