Природа
Гигантска ајкула на брегот Порткурн во Корнвел
Ајкулата ја воочил Рејчел Хоскен, кој овој момент го забележал со камера.Недалеку од брегот Порткурн во Корнвел, во Англија, забележана е гигантска ајкула.
На една фотографија се гледа и кајакарот, на оддалеченост од само неколку метри од ајкулата.
Станува збор за гигантска ајкула, најголемата риба која плива во британските води, која е всушност безопасна за луѓето.
Обично се појавува во пролет и на лето.
Покрај оваа, воочена е уште една ајкула во близина.
Гигантската ајкула се храни со планктони и ја филтрира водата, а бидејќи има проширана уста, изгледа малку застрашувачки.
Долго таа беше комерцијално важна риба, како извор на човекова храна, и за добивање на масло.
Прекумерното ловење доведе до исчезнување на некои популации, а на другите им е потребна заштита.