Македонија
Времето денеска, променливо со услови за дожд и грмежи попладне

Во Македонија денеска претпладне ќе преовладува променливо облачно време, со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7
Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната температура до 28 степени.
Во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и топло време, но попладне се уште со услови за изолирана појава на дожд и грмежи.