Македонија

Во Централна Македонија продолжува потрагата по исчезнатиот турист од Скопје

Четврти ден продолжува потрагата по исчезнатиот 28-годишниот турист од Скопје.

Тој се води како исчезнат од сабота попладне, кога бил однесен од силни морски струи, на плажата Мити, во Посеиди на полуостровот Халкидик.

 

Во операцијата од утрото учествуваат три пловечки бродови и четири патролни возила на крајбрежната стража, како и групи доброволци, додека во текот на денот се очекува да се вклучи и авион во потрагата.

Условите во истражуваното подрачје денеска се поповолни во однос на претходните 24 часа.

Тагови

Поврзани вести