Свет
Во озонската обвивка штетните супстанции се намалиле за 50 отсто
Оштетувањето на озонскиот слој има големо влијание врз луѓето и сите други форми на живот. Според последниот извештај од Националната океанска и атмосферска администрација на САД, на добар пат сме да ја поправиме штетата на озонската обвивка.
Според извештајот, глобалната концентрација на опасни состојки што го уништуваат озонскиот слој се намалила за над 50 отсто во споредба со нивото од 1980 година.
Дупката во озонскиот слој над Антарктикот е поголема од површината на САД, а се проценува дека ќе бидат потребни десетици милиони тони озон за да се затвори.
Сепак, бавното и континуирано напредување во последните три децении било постигнато како резултат на контрола на производството и трговијата на супстанции кои се штетни за озонскиот слој во целиот свет, во рамките на Монтреалскиот протокол за заштита на озонската обвивка.