Македонија
Во Македонија 5 пати поскап леб и двојно поголема инфлација во споредба со Европа
Ниту една земја од Европската Унија не регистрирала поголемо поскапување на лебот од Македонија. Според последните податоци кои ги објави сојузот на синдикати на Македонија, лебот во земјава за една година поскапел за 100%.
Тоа е дури 5 пати повеќе од просекот на поскапување во земјите членки на Европската Унија кој според Евростат во август бил 18% на годишно ниво.
Поединечно по земји, најголемо поскапување за една година е регистрирано во Унгарија од над 65%. За над 30% за една година лебот станал поскап и во Полска, Латвија, Литванија, Словачка и Хрватска.
Најмалку поскапување во Европа има Швајцарија од 3,9% а во Европската Унија најмалку поскапел лебот во Франција, за 8% за една година.
Во Македонија во државниот завод за статистика не може да се најде движењето на цената на лебот. Статистичката категорија опфаќа леб и жито и според последните податоци кои се однесуваат на август годинава, растот на цените на овие два продукти комбинирано на годишно ниво е 44%.
Во Македонија, лебот кој лани ова време се продаваше за 25 денари, сега чини околу 50 денари. Земјава има и најскап леб во регионот. Според податоците за јули, во Македонија лебот чинел 0.81 евро, што е речи си двојно повеќе од Србија каде се продавал за 0,42 евра по векна.
Европа поскапувањето го оправдува со војната во Украина и отежнатиот транспорт на украинското жито.
Македонија има и речи си двојно повисока инфлација од европскиот просек. Во Европа во август инфлацијата достигнала 9,1% на годишно ниво, а во Македонија 16,8%, пренесува Сител.
За оваа состојба единствен виновник е квинслиншката насилно поставена влада која се поочигледно е дека има задача да уништи се во Македонија, а сега интензивно работи на тотално колабирање на економијата.